Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија .


