Со свечена церемонија и проекција на македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечерва во Битола ќе започне 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
И годинава фестивалот нуди богата програма – конкурентни филмови за престижните награди Златна, Сребрена и Бронзена „Камера 300“, специјални документарни и студентски проекции, како и обновената програма „Макпоинт“ посветена на македонските филмови.
Во согласност со традицијата, ќе бидат врачени и специјални признанија:
Златна камера 300 за животно дело – на светскиот кинематографер Дариус Конџи.
Специјална камера 300 – на турскиот режисер Семих Капланоглу и американскиот оскаровец Воли Фистер.
Голема ѕвезда на македонскиот филм – на Кирил Џајковски, за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура.
Фестивалот ќе трае до 26 септември, кога ќе биде затворен со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски и кинематограферот Наум Доксевски.


