Новак Ѓоковиќ и понатаму е најпопуларниот спортист во Србија, но последниве месеци сè почесто е мета на критики што доаѓаат или од високи позиции или преку медиуми блиски до државниот врв.
Иако мнозинството народ го обожава поради спортските успеси, сè погласни се оние кои тврдат дека улогата на Новак Ѓоковиќ во јавност одамна ги надминува границите на тенискиот терен. Најжестоките зборови на негова сметка ги изрече Љубодраг „Дуци“ Симоновиќ, поранешен кошаркар, филозоф и автор познат по своите остри коментари.
„Тоа е случај со Новак Ѓоковиќ. Западот го користи. Го планираат да биде претседател на Србија. Замисли го тој идиотизам. Еден полуписмен човек кој ни основно училиште не завршил“, изјави Симоновиќ, не бирајќи зборови во својот напад. Неговите критики не застанаа само на навредите. Тој тврдеше дека Ѓоковиќ учествува во политички игри.
„Пази сега политичката инструментализација на спортот… Ѓоковиќ оди на Вимблдон, ја подготвува својата ќеркичка … да изведе сцена на пумпање. Тоа е подготвено“, е изјавата со која го обвини тенисерот дека ја користи семејството за политички цели.
„Тоа дете го искористи во валкана политичка борба само за да му се увлече на Западот во задникот. Гледаш колку е тоа валкано“, продолжи Симоновиќ, нагласувајќи дека спортот и политиката во Србија никогаш не биле толку испреплетени.
Неговите зборови предизвикаа голема бура, особено затоа што доаѓаат од личност со академска репутација и спортско минато. Ѓоковиќ пак, во своите победи често слави со познатиот гест на пумпање, кој стана симбол на поддршка на студентските протести во Србија. Додека едни го гледаат тој потег како израз на солидарност, Симоновиќ и неговите истомисленици се уверени дека зад тоа стои политичка агенда која спортската икона ја претвора во контроверзна фигура на јавниот живот.
Превземено: Дневник.Хр


