Најмладиот кандидат за градоначалник на Изборите има само 23 години. Годинава, рекорден број на кандидатури поднесени

0
94

На 19 октомври ќе се одржи првиот круг од локалните избори за градоначалници и советници во Град Скопје и 80 општини низ државата.
Кандидатурите за градоначалници и советнички листи се поднесени до Државната избирна комисија која ги потврдува или отфрла кандидатурите.
На овие избори има рекордни 312 кандидатури за градоначалници и 575 кандидатски листи за советници.

Земјаќи ја возраста на градоначалниците се забележува дека најголем број од ив се во зрели години, помешу 40 и 50 години возраст, но има и далеку помлади и постари кандидати.
Најмлад кандидат за градоначалник е Андреј Димитриевски од Левица кој со 23 години возраст ќе се бори за градоначалничката функција во општина Старо Нагоричане.
Највозрасниот кандидат, односно кандидатка е Марија Мајкиќ со 79 години возраст, од партијата Единствена Македонија која е кандидатка за градоначалник на општина Гази БабаГрад Скопје со 17 кандидати за градоначалик (беа 18 но една кандидатура е отфрлена од ДИК) е единица на локална самоуправа каде има најмногу кандидати.

Просечниот број на кандидати за градоначалниици во општините е четири, а во 22 општини ќе „трчаат“ само по двајца кандидати.

По двајца кандидати има во општините Штип, Ново Село, Теарце, Петровец, Пехчево, Пласница, Маврово и Ростуше, Липково, Кривогаштани, Крива Паланка, Кратово, Карбинци, Зрновци, Желино, Делчево, Градско, Врапчиште, Василево, Валандово, Босилово, Боговиње, Богаднци.

Тоа значи многу извесно дека во овие општини нема да се одржи втор круг освен ако разликата меѓу кандидатите не е премала.

Превземено: 24инфо