Ливадни билки: 8 лековити самоникнати растенија на кои вреди да обрнете внимание

0
55

Ливадните билки претставуваат богатство од самоникнати растенија кои можат да се користат како храна, чаеви, зачини или за лековити и козметички цели. Многу од нив се среќаваат низ целата година, а не само напролет. Сепак, при употреба во медицински цели, важно е секогаш да се консултирате со лекар или стручно лице.

Осум најпознати лековити ливадни билки:

Маслачок (Taraxacum officinale) – сите делови се јадливи. Богат е со витамини и минерали, а помага за подобра дигестија, намалување на воспаленија, заштита на црниот дроб и регулирање на шеќер во крвта.

Коприва (Urtica sp.) – се користи во чаеви, супи, креми и тинктури. Содржи антиоксиданси и делува поволно на воспаленија, крвен притисок, зголемена простата и здравје на косата.

Kaпина (Rubus fructicosus L.) – плодовите се богати со антиоксиданси, го намалуваат “лошиот” холестерол, го намалуваат ризикот од хронични болести и ја подобруваат функцијата на мозокот.

Маточина (Melissa officinalis) – има смирувачко дејство, помага при стрес, анксиозност и несоница. Исто така се користи и за смирување на дигестивни тегоби.

Див морков (Daucus carota) – јадливи се листовите, цветот и коренот. Делува како диуретик, помага при уринарни проблеми, надуеност и детоксикација на организмот.

Кантарион (Hypericum perforatum) – познат по кантарионовото масло и чајот. Има антибактериско и антивирусно дејство, а најчесто се користи за депресија, несоница и дигестивни проблеми.

Мечји лук – сремуш (Allium ursinum) – сите делови се јадливи. Го зајакнува имунитетот, го намалува холестеролот, го регулира крвниот притисок и помага при варење.

Цикорија (Cichorium intybus) – коренот и листовите се користат во медицина и исхрана. Делува како природен седатив, ја подобрува дигестијата и е корисна за срцето.

Ливадните билки се вистинска ризница од здравје, но пред да ги користите, важно е добро да ги препознаете и правилно да ги примените.