Вековниот Македонски дух, традиција, јазик, култура и историја мора да живеат и во Англија, државата во која што сега живееме, но во која никогаш не сакаме да го загубиме нашиот идентитет.
Ова е мотото на Игор Јованов и здружението на „Македонци од Источна Англија“ кое со години функционира со голем ентузијазам. Далеку од Македонија, но Македонија секојдневно во неговото срце, Игор е со цел да го одржи, задржи и засекогаш зачува македонскиот дух, идентитет и љубовта према родната Македонија во Англија.


