Доаѓа студеното време: Беровчани се разбудија со температура од 5 степени

0
53

Ни доаѓа постуденото време па така утрово Берово се разбуди со температура од 5 степени.
Веднаш зад него е и Лазарополе со 6 степени.8 степени има во Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 9 во Струмица, 10 во Крива Паланка, Тетово, 11 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, 12 во Гевгелија, Крушево, 13 во Куманово, Кавадарци, 14 во Скопје-Зајчев Рид, Виница и најтопло со 16 степени во Велес.
Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен.