Речиси 20.000 луѓе ќе мораат во петок да ги напуштат своите домови во Берлин поради откриени две неексплодирани бомби од Втората светска војна
Речиси 20.000 луѓе ќе мораат во петок да ги напуштат своите домови во Берлин, откако беа откриени две неексплодирани бомби од Втората светска војна. Ситуацијата предизвика сериозни нарушувања во германската метропола, јавува британскиот Telegraph.
Во четврток навечер беа затворени владини згради и амбасади, а околу 7.500 жители мораа да ја евакуираат населбата Fischerinsel на реката Шпрее, бидејќи, според итно предупредување на германските медиуми, се наоѓале во „смртна опасност“ од можна експлозија.
Полицијата потврди дека предметот пронајден во реката навистина е бомба, по што започна од врата до врата да ги предупредува граѓаните дека мораат итно да се евакуираат.
Превземено: Јутарњи.хр


