Штипјанецот Зоран Николов го освои највисокиот врв на Европа – Елбрус 5.642 мнв

0
42

Штипјанецот Зоран Николов додаде уште еден подвиг во својата богата планинарска историја освојувајќи го највисокиот врв во Европа- ЕЛБРУС на 5.642 мнв.

Николов е член на ПСК Осогово- Кочани:
“ Со голема гордост и радост, ПСК Осогово упатува искрени честитки до нашиот член Зоран Николов за успешно искачениот врв Елбрус (5.642 м) – највисокиот врв на Европа.Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво.

Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, стои во Фејсбук објавата на неговото матично друштво.