Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во домот ви е секојдневие, не мора да значи дека сте мрзелива личност, туку можно е да имате некој друг проблем.
Куп неизмиени садови во кујната, куп валкана облека до машината за перење, прашина на подот и полиците – ако влезете во ваков дом, веројатно првата претпоставка ви е дека тука живее мрзлива личност.
На сите ни се случува понекогаш да нè фати мрза и да го запоставиме домот.
Но, ако ова ви се случува подолг период, а забележувате дека правите пропусти и во други аспекти од животот, тогаш многу поверојатно е да станува збор за друг проблем, неповрзан со мрзеливост.
Шест можни причини зошто во домот постојано ви е хаос:
Можеби имате АДХД
Неорганизираноста е еден од главните симптоми на АДХД (синдром на невнимание и хиперактивност).
Ова е состојба на која почна да се обрнува внимание дури неодамна, па ако сте повозрасни и ја имате, сосема возможно е да не сте добиле соодветна дијагноза.
Ако целиот живот имате проблем со организацијата, тешко ви е да направите или следите план, да се натерате да завршите дури и нешто мало и безначајно, консултирајте се со лекар.
Овие симптоми долго време сме ги припишувале на мрзеливост, но некогаш може да се знак и за АДХД.
Можеби имате депресија или анксиозност
Ако имате депресија, тогаш најверојатно ќе ви недостасуваат енергија и мотивација за што било.
Кај лицата со депресија, делот од мозокот одговорен за наградувачкото чувство кога ќе завршиме нешто не функционира. Ова, пак, води до апатија, што дополнително го отежнува завршувањето и на наједноставните обврски.
Сличен ефект може да има и анксиозноста.
Покрај тоа, и двете нарушувања можат да создадат проблем со концентрацијата, поради што и малите обврски делуваат како нешто тешко изводливо.
Како капак на сè, тоа што луѓето со депресија се во неможност да си го средат опкружувањето и животот дополнително им ги влошува симптомите.
Можеби минувате низ голема и стресна промена
Големите животни промени секако дека се стресни, а можат да се одразат во секој аспект од животот, вклучувајќи го и одржувањето на хигиената во домот.
Кога постојано сте под стрес, вашите приоритети се менуваат и обврските што ви биле норма сега ги занемарувате или ви изгледаат потешки од вообичаено.
Промените кои можат да предизвикаат ваква состојба се почнување факултет, стапување во брак, преселување, но и телесни промени, како менопауза.
Преголема емоционална поврзаност
Ако сте личност која има навика да чува сè и сешто, тогаш возможно е да чувствувате преголема емоционална поврзаност кон предметите.
Иако сте свесни дека само ви создаваат неред и хаос во домот, ви се чини невозможно да фрлите нешто.
И, овие предмети не мора да е од убави сеќавања – некогаш може да ве потсетуваат на неубави мигови, а ова да ве одврати од намерата да ги средите.
Можеби сте многу неодлучни
Ако имате премногу предмети во домот и секогаш ви е хаотично, тогаш можеби имате проблем до неодлучност.
Иако проблемот со неодлучноста го поврзуваме со поголеми животи одлуки, може да се одрази и на работи кои ни изгледаат безначајни.
Поради оваа неодлучност, сосема возможно е постојано свесно да го одложувате средувањето на хаосот во домот – самото средување ви создава стрес бидејќи треба да одлучувате што да исчистите прво, каде да ги средите предметите и слично.
Кога треба да се консултирате со терапевт?
Во домот не мора секогаш сè да ви биде „под конец“ и нормално е некогаш да биде и хаос.
Но, ако забележувате дека за вас хаосот е секојдневие и никако не можете да го средите сами, тогаш време е да побарате помош од професионалец.
Бидејќи, сепак, живеењето во хаотичен дом се одразува врз сè останато во вашиот живот.


