Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево.Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.


