Тајната на баршунаста кожа без дамки и брчки не се крие само во генетиката – природата нуди моќни решенија, а едно од нив е улјето од шипка. Иако шипката најчесто ја поврзуваме со чаеви и џемови, нејзиното златно масло е вистински еликсир за нега на кожата.
Што го прави улјето од шипка толку посебно?
Улјето од шипка е богато со:
– Витамин A и C – го поттикнува производството на колаген и ја регенерира кожата
– Омега-3 и омега-6 масни киселини – ја хидратизираат кожата и смируваат воспаленија
– Антиоксиданси – го спречуваат предвременото стареење и ја подобруваат текстурата
Се користи за:
– Нега на лице (особено навечер, како ноќна крема)
– Третман на лузни, стриии, суви делови од телото
– Помош при екцем, дерматитис и изгореници
Шипка – од народна медицина до модерна козметика
Дивата роза (Rosa canina), позната и како „пасија драча“, расте на рубови од шуми и патишта. Нејзините плодови – шипките – се собираат по првиот мраз во есен, кога се најбогати со витамин C.
Во традиционалната медицина, шипката се користела за:
– Јакнење на имунитет
– Лекување на воспаленија, грло, желудник
– Превенција од скорбут кај морнари
– Нега на кожа во ајурведската медицина
Како да направите домашно улје од шипка?
Состојки:
– 200 г суви плодови шипка
– 500 мл базно масло (бадемово, сончогледово)
– Стаклена тегла со капак
Постапка:
– Осушете ги плодовите 2–3 дена
– Самелете ги и ставете ги во тегла
– Прелијте ги со базно масло – целосно потопени
– Чувајте на темно и ладно место 4–6 недели, секојдневно протресувајте
– Процедете и складирајте во темна стаклена шишенца
Ова е мацерат – домашна верзија на улјето, која иако е помалку концентрирана, сепак е ефикасна.
Како да го користите?
– За лице: Навечер, на чиста и влажна кожа, нанесете 2–3 капки и масирајте
– За тело: Нанесете на лузни, стриии, суви лактови и пети
Каде да го купите и колку чини?
– Достапно во аптеки, био-продавници и онлајн
– Цената за 10–30 мл е околу 10–25 евра, а за 50–100 мл 15–40 евра
– Најквалитетно е ладно цедено, нерафинирано и органско улје


