Србија – На почетокот на 2026 година се очекува првата генерација што ќе служи задолжителен воен рок

0
104

На почетокот на следната година може да се очекува првата генерација што ќе отслужи задолжителен воен рок во Србија, најави вчеравечер српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.
За таа цел, како што рече, српската армија подготвува повеќе од 120 простории и работи на унапредување на воени станици.
Според најавите на српската армија, воениот рок треба да трае 75 дена. Тој ќе биде задолжителен за мажите, а можноста за доброволно пријавување е наменето за жените.Предвидено е регрутите да поминат 60 дена во обука, а 15 дена на завршни воени вежби.