Пробиштип добива затворен базен во ООУ „Никола Карев“, објави градоначалникот Драган Анастасов – Ладич

0
32

По речиси 20 години учениците од општина Пробиштип конечно добиваат функционален затворен базен во ООУ “Никола Карев”. – пишува во фејсбук објавата на градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич.
Целосната реконструкција на базенот опфати санација на машинскиот дел, целосно нов довод и одвод, нова хидрантска мрежа.

За првпат во функција е ставен и роботот за лица со посебни потреби, со што овозможуваме еднаков третман за сите дечиња.

Средствата во висина од 3.8 милиони денари за оваа реконструкција се обезбедени од буџетот на училиштето.

Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.

Превземено: Инфомакс