Албанија – ЕУ: Албанската јавност е лишена од информации за владината програма

0
44

Делегацијата на Европска Унија во Тирана соопшти дека на вчерашната тензична пленарна седница „јавноста беше лишена од информации за владината програма, а Парламентот има клучна улога во носење на законските реформи поврзани со ЕУ“.

Делегацијата на ЕУ нагласи дека Парламентот треба да биде форум за конструктивна дебата, каде што се дискутираат политиките и се презентираат алтернативни гледишта, со што се промовира култура на дијалог. Жално е што албанската јавност беше лишена од можноста правилно и целосно да биде информирана за програмата на Владата и да ги слушне нејзините избрани претставници како дискутираат за нејзината содржина, во согласност со одредбите од законот, се наведува во соопштението.