84-годишна жена крвнички претепана од женско лице пред угостителски објект во Скопје

0
68

84 годишна од Скопје вчера завршила во болница, откако претходно истиот ден била нападната од женско лице пред угостителски објект на подрачјето на Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (16.09.2025) во 14:00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со телесни повреди е донесена Е.Б.(84) од Скопје.

Со неа е извршен службен разговор и констатирано е дека со повредите се здобила околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Превземено: Скопјеинфо