Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Неготино извести дека е воведена забрана за користење вода за пиење поради појава на мирис и вкус од непознато потекло.
Забраната се однесува на корисниците од улиците: „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и „Антигона“.
Во соработка со Центарот за јавно здравје Велес и надлежните институции, се земаат вонредни мостри за анализа, а екипи на терен работат на откривање и санирање на можниот дефект.
„Комуналец“ апелира граѓаните да не ја користат водата за варење ракија и за ладење на вулите, бидејќи постои ризик од создавање вакуум и повлекување загадена вода во мрежата. За прекршувања ќе следуваат санкции.
Од претпријатието најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана за секоја промена и уверуваат дека се преземаат сите мерки за што побрзо решавање на проблемот.
Превземено: ТВ21

