Членките на Друштвото за планинарски спортови „Лисец“ од Штип – Билјана Спаскова, Наташа Стефановска и Даница Филипова – успешно ја совладаа Виа Ферата Берим во Косово, која важи за една од подолгите во Европа.
Оваа атрактивна патека се наоѓа на врвот Берим на планината Мокра Гора, во пределот на Ибарски Колашин, и претставува вистински предизвик за љубителите на планинарењето и адреналинските авантури.
Со овој подвиг, штипските планинарки уште еднаш го потврдија својот ентузијазам и страст кон планинарството, но и ја промовираа спортската активност и дружењето во природа.


