Со две години средно школо ќе се станува полицаец – наставата ќе се одвива во Идризово

0
55

Од мај 2026 година повторно ќе профункционира Средното полициско училиште во рамки на Центарот за обука во Идризово, предвидува новиот Закон за средно полициско училиште кој веќе е во собраниска процедура.

Учениците ќе можат да се запишат по завршување на втора година во редовно средно училиште, а наставата ќе трае две учебни години – трета и четврта. Со тоа младите ќе имаат можност уште од средношколска возраст да се подготвуваат за полициската професија, со структурирано образование и практична обука.