Словенија достави понуда до Хрватска за нуклеарната централа Кршко

0
42

Словенија официјално достави понуда до Хрватска за заедничка изградба на втора нуклеарна централа во Кршко, но содржината на предлогот значително отстапува од сегашниот модел за постојната нуклеарна централа, каде што двете земји имаат еднаков удел од 50 проценти.

Со документот, на кој Хрватска мора да одговори до крајот на септември на Загреб му се нуди само 25 проценти сопственост на идната електрана,. Покрај тоа, хрватскиот партнер нема да има право да учествува во донесувањето клучни одлуки. Другата четвртина би ѝ припаѓала на словенечката државна компанија ГЕН, додека словенечката влада би имала контролен удел од 51 процент.

Најспорната ставка е дека Хрватска, и покрај сосопственоста, би била спречена да земе дел од произведената енергија. Наместо тоа, би добивала само една четвртина од профитот од продажбата на електрична енергија, која би се распределувала исклучиво на словенечкиот пазар.