„На 17.09.2025 во 11.42 часот во СВР Штип е пријавено дека при вршење ископ во атар на село Двориште, беровско, пронајдена е неиспукана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал граната и констатирал дека станува збор за граната по потекло од Првата светска војна.“, стои во соопштението на СВР Штип.


