Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.
Димова треба да плати и судски паушал од 10.000 денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ja ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица со што е направена штета од 2.818.000 денари на Европските фондови.


