Кочани е град со најмногу кандидати за градоначалник досега за локалните избори.
Во трката влегуваат Зоран Тодоров и Венко Крстевски како независни кандидати, Игор Христов од СДСМ со коалицијата, д-р Владко Грозданов е предложен од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Жаклина Филипова Свеќаровска од Левица и Даниел Глигоров кој е кандидат од партијата Единствена Македонија.
За Кочани се пријавени и девет кандидатски листи за членови на општинскиот Совет.


