Диверзија со најголема моќ се врши врз Патстрмалијадата во Штип со дезинформации, објави градоначалникот на Штип Иван Јорданов
Диверзија со најголема моќ се врши непосредно пред почетокот врз организацијата на Пастрмалијадата во Штип, објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Штип Иван Јорданов потенцирајќи за што станува збор.
“Згрозен сум од лажните вести кои намерно се пласираат, а се во врска со најголемиот настан во Македонија, кој ќе се случи овој викенд во Штип.
Целосно демантирам дека изведувачот Дино Мерлин имал специјални барања во делот на исполнување посебни услови во изгледот и обележјата на градот.
Свесен сум дека живееме во време на изместени вредности, свесен сум дека ова е само еден од методите за ширење на омраза и политичко лешинарење. Се прашувам до каде ќе оди човечката злоба ?
Нашиот Штип веќе добива од овој настан, а оние кои ја пласираа оваа невистина на медиумите, јасно е дека веќе губат, затоа и се изгубени во нивната злобна и бесцелна политичка кампања!”


