„На 17.09.2025 во 19:14 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека во с.Косевица, општина Македонска Каменица нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.В.(58) и И.В.(48), двајцата од
истото село. По целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.09.2025 во 00:11 часот во СВР Штип, М.З.(27) од Штип пријави дека, по претходна расправија, Д.З. од Штип физички ја нападнал. Се работи на расчистување на случајот.
На 17.09.2025 во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го приведоа и задржаа С.Р.(38) од Република Хрватска, со престој во Штип, постапувајќи по претходна приајва дека се заканувал на неговата поранешна
38-годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“, стои во соопштението на СВР Штип.


