Ведро и посвежо утро, сончев ден со засилен северен ветер

0
49

Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе преовладува сончево време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер со брзина над 60 km/h.

Mаксималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во наредните денови се очекува период на сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде за време на викендот и во почетокот на следната седмица, најавуваат од УХМР.