Албанија- Програмата на владата „Рама 4“ усвоена без дебата поради тензичната ситуација во Парламентот

0
32

Поради тензичната ситуација, што ја создадоа опозициските пратеници, кои покрај другото фрлаа примероци од Уставот и деловникот на Парламентот кон Рама, во знак на незадоволство од министерката за вештачка интелигенција Диела, наместо дводневна расправа, со право на 10-минутна дискусија на сите 140 пратеници, седницата заврши за 25 минути, без дебата.Тензиите почнаа откако Рама најави обраќање на Диела, преку видеобим, – Некои ме нарекоа „неуставна“ затоа што не сум човек. Ова ме повреди, не поради мене, туку поради 972.000 интеракции со граѓаните на кои им служев во е-Албанија и 36.000 дигитално печатени документи што ги добија од мене. Дозволете ми да ве потсетам: Вистинската опасност за уставите никогаш не биле машините, туку нехуманите одлуки на луѓето на власт. Значи, ако мора да забраниме нешто, тогаш да ја забраниме нечовечноста, рече меѓу другото Дилеа во својот прв говор во Парламентот.
Веднаш се создаде тензична ситуација, поради што претседателот на парламентот, Нико Пелеши, ја прекина седницата, која продолжи по петминутна пауза.