Штипската гимназија мета на хулиганско однесување

0
41

Школскиот двор на штипската гимназија е нова мета на хулиганско и дрско однесување во вечерните и ноќни часови.
Оштетени се клупи, канти за отпадоци, игралиштето и друг инвентар кој е поставен за потребите на учениците и за заедничко користење од страна на целата заедница.

Училишниот двор е јавен простор кој треба да се зачува и заштити. Апелираме до сите посетители, а особено до младите, да се однесуваат одговорно и совесно, да ја почитуваат јавната и училишната сопственост и да придонесуваат за зачувување на дворот како безбеден и уреден простор наменет за сите, апелираат од штипската гимназија.