На УГД Штип од денес тече третиот, но бројките од првиот и вториот уписен рок се повеќе од задоволителни велат од Универзитетот. Најголем интерес досега е покажан за факултетот за медицински науки, а интерес бележат и другите факултети.
УГД Штип единствен во државата што овозможува олеснети услови за студирање на двајца студенти од исто семејство, студенти на самохрани родители и студенти без родители.
Третиот уписен рок завршува утре, по што на крајот од месецот сите запишани студенти ќе добијат известување. Свечено академската година ќе започне на први октомври.


