Србија и Русија започнаа преговори за изградба на нуклеарна централа

0
70

Руската државна корпорација Росатом и српските власти започнаа конкретни преговори за проектот за изградба на нуклеарна централа, изјави српскиот амбасадор во Русија, Момчило Бабиќ.

„Сериозно разговараме за ова со Росатом. Верувам дека нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарна централа. нагласи амбасадорот.

Во ноември 2024 година, српскиот парламент ја укина забраната за изградба на нуклеарни централи, која беше на сила од 1989 година, по катастрофата во Чернобил.