Поради брз продор на постудена воздушна маса од север, дене и утре (среда и четврток, 17 и 18 септември) на подрачјето на држават ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, локално со брзина од над 60 км/час.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво, облачно со услови за сосема слаб локален дожд.
Температурите значително ќе опаднат, особено во утринските часови, кога ќе се спуштаат во интервал од 3 до 12 степени, а на повисоките места и планините дури се очекуваат услови за слаб мраз и појава на слана. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат меѓу 19 и 27 степени.


