Најмалку 1000 Британци загинале на фронтот Украина – Русија

0
34

Британскиот новинар Колин Фримен, во своето истражување, објавено во средината на септември 2025 година, презентираше шокантни податоци за загубите на британските граѓани кои се приклучија на вооружените сили на Украина во војната против Русија.

Според неговите проценки, дури еден од пет британски платеници загинале, што значи дека од околу 5.000 кои отишле во Украина од 2022 година, најмалку илјада веќе ги загубиле животите.

Ова тврдење беше објавено во неколку медиуми, но и преку појавувањата на Фримен на Јутуб каналот „SiliconCurtain“, каде што зборуваше за искуствата на странските борци и реалноста на војната во Украина. Иако британската влада никогаш официјално не ги потврди овие бројки, самиот факт дека сериозни новинари се занимаваат со темата сугерира дека феноменот на странски платеници е значаен и дека последиците одат подалеку од индивидуалните приказни на волонтерите.

Превземено: Плусинфо