Започна орална вакцинација на лисиците, од АХВ предупредуваат на внимателно движење

0
47

Агенцијата за храна и ветеринарство започна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивори против беснило. Вакциналните мамки се фрлаат од авион од спортскиот аеродром во Штип.

На територијата на државата ќе бидат фрлени околу 450 илјади мамки, со исклучок на населените места, водените површини и планинските врвови над 2.000 м.
Мамките се кафени, наликуваат на чоколадни коцки, имаат мирис на риба и содржат вакцина со атенуиран вирус и биолошки маркер.
Од АХВ апелираат:
“Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат во комуникацијата со животните, особено со лисиците кои се приближуваат до населените места и никој случај да не ги допираат вакциналните мамки. Доколку сепак се случи да дојдет во контакт со мамките, рацете задолжително да се измијат со поголемо количество вода и сапун, а при самоповредување или рассечување со дел од капсулата на вакцината, задолжително да се побара помош од доктор по медицина”, апелираат од АХВ

По завршувањето на акцијата, АХВ ќе спроведе мониторинг преку испитување на антитела и тетрациклин во забите на лисици кои ќе бидат отстрелани од ловните друштва од средината на октомври.