Двајца професори од УГД Блажо Боев и Стојко Стојков се кандидати за редовни академици на МАНУ

0
49

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе добие нови членови, а меѓу кандидатите за редовни академици е и проф. д-р Блажо Боев, познат геолог, универзитетски професор и поранешен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Проф д-р Стојко Стојков работи на Катедрата за образовни науки исто така при УГД Штип.

Изборот на новите академици е важен процес за македонската наука и уметност, а кандидатурата на професорите Блажо Боев и Стојко Стојков е од особено значење за Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што со децении придонесуваат за развојот на високото образование и научната мисла.