Грчките власти започнуваат поостри проверки на изнајмувањето на недвижности во сопственост на граѓани од Балканот, поради растечкиот број нелегални издавања под наем.
Последниве години, граѓаните на Србија, Бугарија, Македонија и Романија покажуваат силен интерес за купување станови и куќи во Грција, најчесто на северот и на Халкидики,. Купувачите најчесто ги користат имотите за одмор, но и за дополнителна заработка преку издавање на туристи.
Проблемот, според грчките медиуми, е што голем дел од сопствениците не го регистрираат бизнисот и не плаќаат даноци.


