Утре трет уписен рок на УГД Штип

0
38

Утре и задутре е третиот уписен рок за студенти на Универзитетот “Гоце Делчев” Штип. Слободни места има на сите факултети освен на медицинскиот каде бројот е пополнет уште во првиот уписен рок.
УГД оваа уписна година има 20 % повеќе во однос на минатата година.

Во октомври претстои и четврт уписен рок кој се однесува на студенти од социјално ранливи семејства за кој студентите ќе бидат ослободени од половина од партиципацијата.
Сите кои се запишани ќе присуствуваат на првиот академски час на 1 октомври.