Стоечки или седејќи? Нови истражувања откриваат зошто мажите треба да ја променат навиката во WC

0
35

Можеби по оваа видео ќе ја промените навиката.

Иако стоечкото мокрење е многу честа практика кај мажите ширум светот, постои прилично одвратна причина зошто не треба да се врши на тој начин. Многу мажи можат да потврдат дека тоа е вообичаено, но всушност е многу нехигиенски.
Дебатата дали мажите треба да стојат или да седат кога одат во тоалет стана актуелна поради објава на популарниот Twitter профил „PicturesFoIder“. Видеото со наслов „Зошто мажите не треба да мократ стоечки“ објаснува зошто оваа навика може да биде проблематична.

Видеото започнува со симулација на маж со „најсилен млаз урина во историјата“, и објаснува дека мажите обично „целат кон четири точки“ во WC школката. Иако задниот дел изгледа како најдобра цел, всушност е „најдеструктивна опција“.
Се наведува дека при целење кон задниот дел, се создава повратен прскачки ефект со до 7550 капки урина, додека при целење во средината, бројот паѓа на 372 капки.
Капките се судираат и создаваат облак од ситни капки што може да се прошири до 91 сантиметар — што значи дека урината може да стигне до четки за заби, тоалетна хартија, па дури и крпи.

Постои и истражување спроведено од YouGov во 13 земји, кое ги анализира машките навики при мокрење.

– Во Велика Британија и Полска, 33 % од мажите никогаш не седнуваат при мокрење.
– Во Мексико, 36 % никогаш не седнуваат, а само 21 % тоа го прават често или секогаш.
– На спротивната страна се Германците, каде 40 % секогаш седнуваат, а уште 22 % тоа го прават најчесто. Само 10 % никогаш не седнуваат.

Иронично, во Германија постои израз „Sitzpinkler“ — што буквално значи „оној што мокри седејќи“, и често се користи подбивно за да се имплицира дека мажот е слаб или женствен. Но, токму таму на многу места се бара од мажите да седнат при мокрење.

Во германските тоалети често има знаци кои ги повикуваат мажите да седнат, а стоечкото мокрење се смета за девијантно однесување.