Снимки од подметнатиот пожар во сервис за автомобили во Пинтија

0
106

Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила.
Како што можи да се види од самото видео, маж ја прескокнува оградата ги полива автомобилите и потоа ги потпалува и истиот бега од местото на настанот.
Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната бригада, а причинета е голема материјална штета, пренесува порталот Курир со видео снимки.