Над 350.000 лица евакуирани од Појасот Газа. Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

0
33

Повеќе од 350.000 Палестинци досега се евакуирани од градот Газа во други делови од Појасот, објави израелската војска (ИДФ). Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека израелската армија дејствува „со железна тупаница“ против „терористичката инфраструктура“ во Појасот Газа.

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта на нападот била да се обезбеди ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот новински портал „Аксиос“ ги цитираше израелските претставници кои изјавија дека операцијата го означила почетокот на копнена офанзива во најголемиот град во Појасот Газа.
Израелските воени авиони извршија речиси континуирани напади врз Газа во текот на ноќта, придружени со артилериски оган, објави палестинската новинска агенција WAFA.
Палестинските медиуми објавија дека тенковите подоцна влегле во градот, каде што се верува дека се уште стотици илјади луѓе. Израелската војска не го потврди ова.
Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред Израелските одбранбени сили да почнат да се подготвуваат за офанзивата.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека израелската армија дејствува „со железна тупаница“ против „терористичката инфраструктура“ во Појасот Газа.
– Газа гори – изјави Кац.

Според него, војниците се борат „за да создадат услови за ослободување на заложниците и пораз на Хамас“.
Oд друга страна, Израел вчера го погоди седиштето на Хезболах во јужниот либански град Набатија, соопшти израелската армија.

Превземено: Макфакс/Плусинфо