ЛАЗАРОВ СИНДРОМ – Лекарите го прогласиле пациентот за мртов, тој се разбудил по 30 минути и ги оставил сите во шок

0
78

Несекојдневен случај е забележан во италијанскиот град Тарквинија, околу 60 километри од Рим, кога 78-годишен маж „оживеал“ 30 минути откако лекарите го прогласиле за мртов.
Човекот доживеал два срцеви удари, а и покрај повторените обиди за реанимација, не покажувал знаци на живот, па медицинарите решиле да повикаат погребници, пренесува Kathimerini.
Нормално комуницира со околината.
По половина час, пациентот ненадејно ги отворил очите и ги запрепастил лекарите, медицинските сестри и роднините. Веднаш прашал каде му се децата, по што бил вратен во болница.
Неговата состојба подоцна била опишана како „стабилна“, а тој нормално комуницира со околината.
Овој феномен е познат како Лазаров синдром и подразбира враќање на циркулацијата и виталните функции по кардиоциркулаторен застој.
Нема објаснување како настанува, а дел од стручњаците сметаат дека може да биде предизвикан од собирање на воздух во градниот кош за време на обидите за реанимација или станува збор за одложен ефект на лекови дадени како медицинска помош.
Првиот случај е забележан во 1982 година, но како Лазаров синдром се води од 1993 година.
Досега се евидентирани меѓу 36 и 65 случаи, што покажува дека феноменот е исклучително редок.