Грција – Најголема заплена во историјата на ЕУ: 2.435 контејнери со кинеска стока беа запленети во Пиреја

0
33

Eвропските обвинители вчера подигнаа обвинение против шест лица под сомнение за учество во криминална мрежа што ја преплави Европската Унија со нелегално увезена кинеска стока.
Како дел од истрагата, Европското јавно обвинителство (ЕЈО) заплени 2.435 контејнери за превоз во грчкото пристаниште Пиреја, што е најголемата таква заплена во историјата на ЕУ, пишува Политико.
Шемата за избегнување плаќање антидампинг давачки за увоз од Кина траела најмалку осум години. Според проценките на ЕЈО, буџетите на земјите-членки и ЕУ биле оштетени за околу 350 милиони евра неплатени царински давачки и дополнителни 450 милиони евра ДДВ.