40 лица се притворени и поднесени 30 кривични пријави за пожарите во Македонија оваа сезона

0
35

Во рамки на оперативната акција Пожар на МВР, од почетокот на летото досега,40 лица се лишени од слобода и поднесени се 30 кривични пријави за осомничени за предизвикување пожар во Македонија, објави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во рамките на споменатата оперативна акција на МВР, дадени се јасни насоки за конкретизирање на жариштата каде според министерот се врши еколошки криминал.
Тошковски ги објасни превентивните дејствија како да се спречи иницирање на пожари во земјава.