Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ќе присуствува на значаен настан во кругот на фабриката „Макстил“, каде што ќе се изврши јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, уништувањето се организира во соработка со Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје. Настанот има за цел да испрати јасна порака за борбата против нелегалната трговија и да ја потврди посветеноста на институциите кон безбедноста и владеењето на правото.


