Се асфалтира патот до Манастирот “Христово Воскресение”

0
56

Пат во должина од три километри што води до манастирот Хрстово Воскрсение се асфалтира од денес. Ова значајно поврзување ќе го олесни пристапот до овој верски храм што е барање на граѓаните верници.
Наскоро, во овој реон од општината ќе се асфалтира и патот Калапетровци – Кошево ,што исто така е барање на жителите од овие села но и граѓани кои тука имаат имоти.
Градежните активности во општината ќе продолжат интензивно се до крајот градежната сезона која опфаќа пристапни патишта, улици и други инфраструктурни проекти.