Остерволде, урбан експеримент лоциран источно од Амстердам во општината Алмере, претставува уникатен модел на живеење. На површина од 4.300 хектари, жителите имаат голема слобода и необични правила – мора да одгледуваат градини.
Во заедницата живеат околу 5.000 жители .Тие можат да градат куќи по сопствен избор, но мора заеднички да одлучуваат за инфраструктура како што се патишта, отпад, имиња на улици, па дури и училишта.
Земјоделството е задолжителен дел: од градини, стакленици и овоштарници до парцели што се одржуваат од професионални земјоделци.
Крајната цел е Остерволде да обезбедува околу 10 отсто од храната за Алмере. Моделот се разгледува и како потенцијален пример за други региони, каде што интеграцијата на земјоделството во урбаниот развој би можела да придонесе кон еколошки, социјални и економски придобивки.


