Со овластување од ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, од денеска функциите проректор за настава и проректор за наука ќе ги извршуваат Ана Никодиновска Крстевска и Дарко Лазаров.
Оваа одлука е донесена во пресрет на локалните избори, со цел да се обезбеди континуитет во академското и научното работење на универзитетот. Мандатите на досегашните проректори, Мишко Џидров и Зденка Стојановска, се официјално завршени.
Никодиновска Крстевска, професорка на Правниот факултет, ќе ја води наставната компонента, додека Лазаров, професор на Економскиот факултет, ќе биде одговорен за научниот развој и истражувања.


