На Instagram се појави трогателна снимка од маж кој од автомобил фрла круши на изгладнети мечки. Тие се исправуваат на две нозе – како да му велат „фала“!
Иако не е потврдено каде точно е снимено видеото, се слуша како човекот на српски го коментира моментот, додека мечките мирно го набљудуваат и прифаќаат храната.
Потсетување: хранењето диви животни може да изгледа хумано, но секогаш треба да се прави со внимание и во согласност со препораките на надлежните служби.


