Министерството за внатрешни работи викендов на територијата на целата држава со полни раце работа и издале 1549 платни налози за возачите. Најголем дел од нив се однесуваат на возачи кои не ја почитувале законски пропишаната брзина на сообраќајување за што биле напишани дури 844 казни. Потоа, 145 прекршоци биле утврдени кај возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 76 прекршоци за возачи кај кои било утврдено високо ниво на алкохол во крвта. Санкционирани биле и 46 возачи на моторцикли заради неносење заштитен шлем, 23 лица заради говорење на мобилен телефон и од сообраќај биле отстранети 14 возила кои немале валидна регистрација.


