Македонскиот репрезентативец во борење и активен член на штипскиот боречки клуб „БК Балканец“, Владимир Егоров денес во 18.30 часот има огромни шанси да се закити со бронза на Светското Првенство во Борење – 2025 во Загреб. Егоров во категоријата до 57 килограми, за противник го има моменталниот носител на Бронзен медал од Олимпијадата во Париз – 2024-та Гуломјон Абдулаев, со што се подразбира дека ќе има жестока битка за бронза во Загреб. Владимир Егоров, член на БК Балканец – Штип и некогашен Европски шампион и европски бронзен медалист, денес цели да ја продолжи доминацијата од последната борба каде победи со 10-0 против Герет Сондерс од Канада и дома да го донесе бронзениот медал. Борбата започнува во 18.30 часот и може да се следи на официјалната страна на Светската Борачка Федерација.


