Водител на Fox News повика на убиство на бездомници – па се извини!

0
58

Водител на Fox News се извини за шокантна изјава: „Само убијте ги“ – за бездомници со ментални заболувања
Водителот на емисијата „Fox & Friends“, Брајан Килмид, денеска упати јавно извинување поради својата контроверзна изјава дека бездомниците кои страдаат од ментални заболувања треба да се „убијат“, нарекувајќи го коментарот „исклучително бесчувствителен“.
Изјавата била дадена за време на сегмент за убиството на украинската бегалка, кое го изврш Афроамериканец со психички проблеми. Колегата на Килмид, Лоренс Џонс, изјавил дека таквите лица треба да прифатат програми за лекување или да бидат затворени. Килмид додал: „Или смртоносна инјекција, или нешто слично. Само убијте ги“.
Подоцна, Килмид се извини:
„Се извинувам за таа исклучително сурова изјава. Свесен сум дека не сите ментално болни бездомници се однесуваат како сторителот во Северна Каролина и дека многу од нив заслужуваат наше разбирање и сочувство“.
Обвинетиот, 34-годишен маж со долго криминален досие, е обвинет за убиството на украинската бегалка Ирина Зарутска во воз во Северна Каролина. Неговата мајка изјавила дека претходно го хоспитализирала против негова волја и му била дијагностицирана шизофренија.